Префрли се на текстот

Објавувај ја добрата вест!

Конгрес на Јеховините сведоци за 2024

Влезот е бесплатен

Краток преглед на програмата

Петок: Ќе бидат разгледани некои од доказите што потврдуваат дека добрата вест за Исус која е запишана во евангелијата е точен извештај за неговиот живот. Дознај како овие библиски извештаи може да ни користат и нам денес.

Сабота: Што било проречено во врска со раѓањето на Исус и неговото детство, и дали овие пророштва навистина се исполниле?

Недела: Во библискиот говор „Зошто не се плашиме од лоши вести“ дознај зошто милиони луѓе денес имаат причини да се чувствуваат сигурно и да се надеваат на подобра иднина и покрај сѐ полошите услови во светот.

Библиска драма

Добрата вест според Исус — епизода 1:

Вистинската светлина на светот

Исус се родил на Земјата преку чудо. Тоа бил првиот од многуте возбудливи настани што се случиле во текот на неговото детство. Неговите родители го однеле во Египет за да го спасат од еден цар кој сакал да го убие. Подоцна, тој им оставил силен впечаток на некои од најголемите учители во негово време. За овие и за други настани ќе се зборува во првата епизода која ќе се прикаже во два дела, во петок и во сабота.

Гледај ги следните видеоклипови за овогодишниот конгрес

Како изгледаат нашите конгреси?

Дознај како изгледаат конгресите на Јеховините сведоци.

Конгрес на Јеховините сведоци за 2024: Објавувај ја добрата вест!

Погледни го краткиот преглед на програмата за овогодишниот конгрес.

Најава за драмата: Добрата вест според Исус

На многумина им е познато дека Исус се родил преку чудо. Но кои настани се случиле пред и по овој возбудлив настан?