Малахија 3:1-18

3  „Еве, јас го праќам мојот гласник,+ и тој ќе го расчисти патот пред мене.+ И одненадеж во својот храм+ ќе дојде Господарот,+ кого вие го барате, и гласникот+ на сојузот,+ кому му се радувате.+ Еве, сигурно ќе дојде“, вели Јехова над војските.+  „Но кој ќе го поднесе денот на неговото доаѓање+ и кој ќе опстане кога тој ќе се појави?+ Зашто, тој ќе биде како огнот на леарот+ и како лужината+ на белачите на алишта.+  И ќе седне како оној што топи и пречистува сребро,+ па ќе ги очисти синовите на Леви.+ Ќе ги пречисти како злато+ и како сребро, и тие ќе му принесуваат на Јехова жртвен дар+ во праведност.  И жртвениот дар на Јуда и на Ерусалим ќе му биде пријатен на Јехова,+ како во дамнешните денови и во поранешните години.+  Ќе дојдам кај вас за да ви судам+ и ќе бидам брз сведок+ против гаталците,+ против прељубниците,+ против оние што лажно се заколнуваат,+ против оние што му ја скратуваат платата на наемникот+ и ги мамат вдовицата+ и детето без татко+ и против оние што му ги скратуваат правата на дојденецот,+ а од мене не се бојат“,+ вели Јехова над војските.  „Зашто, јас сум Јехова, јас не се менувам,+ а вие сте синови на Јаков — затоа не исчезнавте.+  Од деновите на вашите прататковци отстапувате од моите уредби и не се држите за нив.+ Вратете се кај мене, и јас ќе се вратам кај вас“,+ вели Јехова над војските. А вие велите: „Како да се вратиме?“  „Зар земниот човек ќе краде од Бог? А вие крадете од мене.“ И уште велите: „Што крадеме од тебе?“ „Десеттини и прилози.  Ме проколнувате+ со проклетство и крадете од мене — сите од вашиот народ. 10  Донесете ги сите десеттини+ во складиштето, па да има храна во мојот дом,+ и испитајте ме во тоа, ве молам,“+ вели Јехова над војските, „зар нема да ви ги отворам небесните брани+ и да ви излеам благослов додека не биде доста?“+ 11  „И заради вас ќе ги отстранам штетните инсекти,+ па нема да ви ги уништуваат плодовите на земјата, и лозата во полето нема да ви биде без род“,+ вели Јехова над војските. 12  „И сите народи ќе ве нарекуваат среќни,+ зашто вие ќе станете земја на радоста“,+ вели Јехова над војските. 13  „Тешки се вашите зборови против мене“,+ вели Јехова. А вие велите: „Што сме зборувале еден со друг против тебе?“+ 14  „И велите: ‚Залудно е да му се служи на Бог.+ Каква корист имаме од тоа што го вршиме она што сме должни да му го вршиме и одиме жалосни поради Јехова над војските?+ 15  Сега дрските ги нарекуваме среќни.+ И напредуваат* оние што вршат зло.+ Го искушуваат Бог, а поминуваат неказнето‘.“+ 16  Во тоа време, оние што се бојат од Јехова+ разговараа еден со друг, секој со својот ближен, и Јехова внимаваше и слушаше.+ И пред него почна да се пишува книга на сеќавањето+ за оние што се бојат од Јехова и што размислуваат за неговото име.+ 17  „Тие ќе бидат мои“,+ вели Јехова над војските, „во денот кога ќе ми станат најмила сопственост.+ И ќе бидам милостив кон нив како што човек е милостив кон својот син кој му служи.+ 18  И повторно ќе ја видите разликата меѓу праведникот и злиот,+ меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи.“+

Фусноти

Буквално: „наградени се“.