Поуки од Библијата

Во оваа книга ќе прочиташ нешто повеќе за создавањето на светот, раѓањето и службата на Исус Христос и доаѓањето на Божјето Царство.

Писмо од Водечкото тело

Како може да се користи оваа книга?

ПОГЛАВЈЕ 1

Бог ги направил небото и Земјата

Во Библијата пишува дека Бог ги создал небото и Земјата. Зошто создал еден ангел пред да создаде сѐ друго?

ПОГЛАВЈЕ 2

Бог ги направил првите луѓе

Бог ги создал првите луѓе и ги сместил во рајска градина. Тие требало да имаат деца и целата Земја да ја претворат во рај.

ПОГЛАВЈЕ 3

Адам и Ева не го послушале Бог

Зошто едно од дрвјата во рајската градина било поинакво од другите? Зошто Ева каснала од неговиот плод?

ПОГЛАВЈЕ 4

Лутина што водела до грев

Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не бил задоволен од жртвата на Каин. Кога Каин го видел тоа, многу се налутил и направил нешто многу лошо.

ПОГЛАВЈЕ 5

Арката на Ное

Кога злобните ангели се симнале на Земјата и си зеле жени, им се родиле деца кои станале многу насилни. Но Ное бил поинаков од нив бидејќи го сакал Бог.

ПОГЛАВЈЕ 6

Осум души го преживеале Потопот

За време на Потопот врнело цели 40 дена без престан. Ное и неговото семејство биле во арката повеќе од една година, пред да дојде време да излезат од неа.

ПОГЛАВЈЕ 7

Вавилонската кула

Луѓето наумиле да изградат град со кула до небото. Зошто Бог направил тие да зборуваат на различни јазици?

ПОГЛАВЈЕ 8

Авраам и Сара го послушале Бог

Зошто Авраам и Сара се откажале од својот удобен живот во градот Ур и продолжиле да живеат во земјата Ханаан во шатори?

ПОГЛАВЈЕ 9

Најпосле добиле син!

Како Бог го исполнил она што му го ветил на Авраам — преку Исак или преку Исмаел?

ПОГЛАВЈЕ 10

Жената на Лот

Бог пуштил дожд од оган и сулфур врз градовите Содом и Гомор. Зошто овие градови биле уништени? Што учиме од она што ѝ се случило на жената на Лот?

ПОГЛАВЈЕ 11

Испит на верата

Бог му рекол на Авраам да го земе својот единствен син и да го принесе како жртва на еден од ридовите во земјата Морија. Што направил Авраам?

ПОГЛАВЈЕ 12

Јаков добил наследство

Исак и Ревека имале двајца близнаци, Исав и Јаков. Како првороден, Исав требало да добие едно посебно наследство. Зошто го заменил за една чорба?

ПОГЛАВЈЕ 13

Јаков и Исав се помириле

Како Јаков добил благослов од еден ангел? Како успеал да се помири со Исав?

ПОГЛАВЈЕ 14

Роб кој му бил послушен на Бог

Јосиф многу страдал во животот иако го правел тоа што е исправно. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 15

Јехова не го заборавил Јосиф

Иако Јосиф бил далеку од своето семејство, Бог не го заборавил.

ПОГЛАВЈЕ 16

Кој бил Јов?

Јов му бил послушен на Бог дури и кога тоа не било лесно.

ПОГЛАВЈЕ 17

Мојсеј одлучил да му служи на Јехова

Мајка му на Мојсеј го спасила кога бил бебе.

ПОГЛАВЈЕ 18

Грмушката што горела

Зошто грмушката никако не изгорувала?

ПОГЛАВЈЕ 19

Првите три неволји

Поради тоа што фараонот бил многу горделив, Египќаните доживеале страшни неволји.

ПОГЛАВЈЕ 20

Следните шест неволји

Во кој поглед овие неволји се разликувале од претходните три?

ПОГЛАВЈЕ 21

Десеттата неволја

Оваа неволја била толку тешка што на крајот дури и горделивиот фараон попуштил.

ПОГЛАВЈЕ 22

Чудото кај Црвеното Море

Фараонот ги преживеал десетте неволји. Дали го преживеал и ова чудо од Бог?

ПОГЛАВЈЕ 23

Израелците му дале ветување на Јехова

Израелците му дале едно посебно ветување на Бог додека биле на подножјето на планината Синај.

ПОГЛАВЈЕ 24

Израелците не го исполниле ветувањето

Додека го чекале Мојсеј да се симне од планината Синај, Израелците направиле многу сериозен грев.

ПОГЛАВЈЕ 25

Светиот шатор

Во овој посебен шатор се наоѓал ковчегот на сојузот.

ПОГЛАВЈЕ 26

Дванаесетте извидувачи

Исус Навин и Халев биле поинакви од другите десет мажи што ја извиделе земјата Ханаан.

ПОГЛАВЈЕ 27

Некои се побуниле против Јехова

Кореј, Датан, Авирон и 250 други заборавиле една важна вистина во врска со Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 28

Магарицата на Валаам прозборела

Магарицата видела нешто што Валаам не можел да го види.

ПОГЛАВЈЕ 29

Јехова го избрал Исус Навин за водач

Бог му заповедал нешто на Исус Навин што може да ни помогне и нам денес.

ПОГЛАВЈЕ 30

Раав ги скрила извидувачите

Ѕидовите на Ерихон се срушиле, но куќата на Раав останала иако била дел од градските ѕидини.

ПОГЛАВЈЕ 31

Исус Навин и Гаваонците

Исус Навин го молел Бог да го запре сонцето. Дали Бог му одговорил?

ПОГЛАВЈЕ 32

Нов водач и две храбри жени

Откако умрел Исус Навин, Израелците почнале да им служат на идоли. Животот им станал тежок, но Бог им помогнал преку судијата Варак, пророчицата Девора и Јаила.

ПОГЛАВЈЕ 33

Рут и Ноемина

Две жени на кои им починале мажите се вратиле во Израел. Едната од нив, Рут, отишла да работи на нивите, каде ја забележал Вооз.

ПОГЛАВЈЕ 34

Гедеон ги победил Мадијамците

Бидејќи Мадијамците им го загорчувале животот, Израелците го молеле Јехова да им помогне. Како успеала малата војска на Гедеон да победи 135.000 војници?

ПОГЛАВЈЕ 35

Ана се молела за син

Елкана ги однел Ана, Фенина и децата во светиот шатор во Сило за да му принесат жртва на Бог. Таму Ана се молела за син. По една година, се родил Самоил.

ПОГЛАВЈЕ 36

Ветувањето на Јефтај

Што ветил Јефтај и зошто? Што рекла ќерката на Јефтај кога слушнала што ветил татко ѝ?

ПОГЛАВЈЕ 37

Јехова зборувал со Самоил

Синовите на првосвештеникот Илиј биле свештеници во светиот шатор, но ги кршеле Божјите закони. Малиот Самоил бил поинаков. Една ноќ, Јехова му се обратил.

ПОГЛАВЈЕ 38

Јехова му дал сила на Самсон

Бог му дал голема сила на Самсон за да се бори против Филистејците, но Самсон донел лоша одлука и Филистејците го заробиле.

ПОГЛАВЈЕ 39

Првиот цар на Израел

Бог им дал на Израелците судии за да ги водат, но тие барале цар. Самоил го помазал Саул за прв цар, но подоцна Јехова го отфрлил Саул. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 40

Давид и Голијат

Јехова го избрал Давид за следен цар на Израел, и Давид покажал дека Јехова не згрешил што го избрал него за цар.

ПОГЛАВЈЕ 41

Давид и Саул

Зошто Саул го мразел Давид? Како се однесувал Давид кон Саул?

ПОГЛАВЈЕ 42

Јонатан — храбар и верен пријател

Царскиот син му бил добар пријател на Давид.

ПОГЛАВЈЕ 43

Гревот на цар Давид

Една лоша одлука довела до многу проблеми.

ПОГЛАВЈЕ 44

Храмот на Јехова

Бог ја прифатил молбата на Соломон и му дал важни задачи.

ПОГЛАВЈЕ 45

Царството било поделено

Многу Израелци престанале да му служат на Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 46

Испитот на планината Кармил

Кој е вистинскиот Бог? Јехова или Ваал?

ПОГЛАВЈЕ 47

Јехова го зајакнал Илија

Дали мислиш дека може да те зајакне и тебе?

ПОГЛАВЈЕ 48

Синот на една вдовица оживеал

Се случиле две чуда во истиот дом!

ПОГЛАВЈЕ 49

Една злобна царица била казнета

Језавела наместила Израелецот Навутеј да биде убиен само за да му го земе лозјето! Јехова ја видел сета нејзина злоба.

ПОГЛАВЈЕ 50

Јехова му дал победа на Јосафат

Кога непријателските народи сакале да ја нападнат Јуда, добриот цар Јосафат му се молел на Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 51

Силниот воин и израелското девојче

Една млада Израелка ѝ кажала на својата господарка дека Јехова е многу моќен. Така господарот побарал помош од Јехова и бил излекуван со чудо.

ПОГЛАВЈЕ 52

Огнената војска на Јехова

Слугата на Елисеј видел дека на нивна страна има поголема војска отколку на страната на Сиријците.

ПОГЛАВЈЕ 53

Храбриот Јодај

Еден верен првосвештеник ѝ се спротивставил на злобната царица.

ПОГЛАВЈЕ 54

Јехова бил стрплив со Јона

Како дошло до тоа еден Божји пророк да биде голтнат од огромна риба? Како излегол од неа? Каква поука му дал Јехова?

ПОГЛАВЈЕ 55

Еден ангел го заштитил Езекија

Непријателите на Јуда велеле дека Јехова нема да го заштити својот народ, но не биле во право!

ПОГЛАВЈЕ 56

Јосија го сакал Божјиот закон

Јосија станал цар на Јуда кога имал 8 години и им помогнал на луѓето да почнат да му служат на Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 57

Еремија добил задача да проповеда

Зборовите на овој пророк многу ги налутиле старешините во Јуда.

ПОГЛАВЈЕ 58

Уништувањето на Ерусалим

Бидејќи луѓето од Јуда продолжиле да им служат на лажни богови, Јехова ги напуштил.

ПОГЛАВЈЕ 59

Четири момчиња останале верни

Младите Јудејци биле решени да му останат верни на Јехова, дури и во царската палата на Навуходоносор во Вавилон.

ПОГЛАВЈЕ 60

Царство кое ќе владее засекогаш

Даниел го објаснил значењето на сонот на Навуходоносор.

ПОГЛАВЈЕ 61

Тројцата Евреи не се поклониле

Седрах, Мисах и Авденаго не се поклониле пред огромниот златен кип на вавилонскиот цар.

ПОГЛАВЈЕ 62

Сонот за големото дрво

Сонот на Навуходоносор се однесувал на неговата иднина.

ПОГЛАВЈЕ 63

Зборовите на ѕидот

Кога се појавиле овие необични зборови, и што значеле?

ПОГЛАВЈЕ 64

Даниел бил фрлен во лавовска јама

Моли му се на Јехова секој ден, исто како Даниел.

ПОГЛАВЈЕ 65

Естира го спасила својот народ

Од туѓинка и сираче, станала царица.

ПОГЛАВЈЕ 66

Езра поучувал за Божјиот закон

Откако Израелците го ислушале Езра, му дале едно посебно ветување на Бог.

ПОГЛАВЈЕ 67

Ѕидот околу Ерусалим

Неемија дознал дека непријателите се спремаат за напад. Се исплашил ли?

ПОГЛАВЈЕ 68

Елисавета родила дете

Зошто мажот на Елисавета не можел да зборува сѐ додека бебето не се родило?

ПОГЛАВЈЕ 69

Ангелот Гавриел дошол кај Марија

Тој ѝ кажал нешто што ѝ го сменило животот.

ПОГЛАВЈЕ 70

Ангели го објавиле раѓањето на Исус

Овчарите веднаш реагирале штом ја чуле објавата.

ПОГЛАВЈЕ 71

Јехова го заштитил Исус

Еден злобен цар сакал да го убие Исус.

ПОГЛАВЈЕ 72

Исус како дете

Зошто учителите во храмот биле восхитени од Исус?

ПОГЛАВЈЕ 73

Јован го подготвил патот за Месијата

Кога пораснал, Јован станал пророк. Го поучувал народот дека наскоро ќе дојде Месијата. Како реагирале луѓето на неговата порака?

ПОГЛАВЈЕ 74

Исус станал Месија

Што сакал Јован да каже кога рекол дека Исус е Божјето Јагне?

ПОГЛАВЈЕ 75

Ѓаволот го искушал Исус

Ѓаволот го искушал Исус три пати. Како го искушал? Што направил Исус?

ПОГЛАВЈЕ 76

Исус ги истерал продавачите од храмот

Зошто Исус ги истерал животните од храмот и им ги превртел масите на менувачите на пари?

ПОГЛАВЈЕ 77

Жената кај бунарот

Една Самарјанка се изненадила кога Исус почнал да ѝ зборува. Зошто? Што било тоа што ѝ го кажал Исус а дотогаш го немал кажано никому?

ПОГЛАВЈЕ 78

Исус проповедал за Божјето Царство

Исус повикал некои од неговите ученици да станат „рибари на луѓе“. Подоцна, обучил 70 негови следбеници да ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство.

ПОГЛАВЈЕ 79

Исус правел многу чуда

Каде и да одел, кај него доаѓале болни луѓе и тој ги лекувал сите. Дури и воскреснал едно девојче.

ПОГЛАВЈЕ 80

Исус избрал дванаесет апостоли

Со која цел ги избрал? Ги знаеш ли нивните имиња?

ПОГЛАВЈЕ 81

Проповедта на гората

Исус поучувал мноштво луѓе.

ПОГЛАВЈЕ 82

Поуки од Исус за молитвата

За кои работи им рекол на учениците да не се откажуваат кога се молат?

ПОГЛАВЈЕ 83

Исус нахранил илјадници луѓе

Што ни покажува тоа чудо за Исус и за Јехова?

ПОГЛАВЈЕ 84

Исус одел по вода

Можеш ли да си замислиш како се чувствувале апостолите кога го виделе ова чудо?

ПОГЛАВЈЕ 85

Исус лекувал во сабота

Зошто не се радувале сите поради тоа што го правел?

ПОГЛАВЈЕ 86

Исус го воскреснал Лазар

Кога Исус ја видел Марија како плаче, почнал да плаче и тој. Но, по кратко време нивната тага се претворила во радост.

ПОГЛАВЈЕ 87

Последната Пасха на Исус

Во текот на последната вечера со своите апостоли, Исус им дал важни поуки.

ПОГЛАВЈЕ 88

Исус бил уапсен

Јуда Искариот повел голема група луѓе наоружани со мечеви и стапови во градината Гетсиманија за да го фатат Исус.

ПОГЛАВЈЕ 89

Петар одрекол дека го познава Исус

Што се случило во дворот на Кајафа? Што се случило со Исус, кој бил внатре во куќата на Кајафа?

ПОГЛАВЈЕ 90

Исус умрел на местото Голгота

Зошто Пилат наредил Исус да биде погубен?

ПОГЛАВЈЕ 91

Исус воскреснал

Кои неверојатни работи се случиле наредните денови откако бил убиен Исус?

ПОГЛАВЈЕ 92

Исус им се појавил на рибарите

Што направил за да го забележат?

ПОГЛАВЈЕ 93

Исус се вратил на небото

Но, пред тоа им дал на своите ученици важни заповеди.

ПОГЛАВЈЕ 94

Учениците добиле свет дух

Што се случило откако го добиле светиот дух?

ПОГЛАВЈЕ 95

Ништо не можело да ги запре

Верските водачи кои го убиле Исус, се обиделе да ги замолчат и неговите ученици. Сепак, не успеале во тоа.

ПОГЛАВЈЕ 96

Исус го избрал Савле

Савле бил смртен непријател на христијаните, но тоа се сменило.

ПОГЛАВЈЕ 97

Корнелиј добил свет дух

Зошто Бог го пратил Петар кај овој човек кој не бил Евреин?

ПОГЛАВЈЕ 98

Најразлични луѓе станале христијани

Апостол Павле и други мисионери започнале да проповедаат во далечни земји.

ПОГЛАВЈЕ 99

Затворски чувар ја дознал вистината

Во оваа приказна се спомнуваат демон, земјотрес и меч. Што се случило?

ПОГЛАВЈЕ 100

Павле и Тимотеј

Овие двајца пријатели соработувале во службата за Бог долги години.

ПОГЛАВЈЕ 101

Павле бил испратен во Рим

Иако патувањето било многу опасно, ништо не можело да го запре овој апостол.

ПОГЛАВЈЕ 102

Откровението на Јован

Исус му дал повеќе виденија за иднината.

ПОГЛАВЈЕ 103

Да дојде Царството

Од Откровението на Јован гледаме каков ќе биде животот на Земјата кога ќе завладее Божјето Царство.