Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Зошто да живееш?

Зошто да живееш?

ДИЈАНА * е интелигентна и дружељубива девојка. Но, зад нејзината ведра надворешност се крие длабок очај поради кој се чувствува потполно безвредно со денови, седмици, па дури и месеци. „Нема ден, а да не посакам да умрам“, вели таа. „Сигурна сум дека светот би бил подобро место без мене.“

„Според некои истражувања, на секое извршено самоубиство има 200 обиди за самоубиство и 400 случаи кога некој размислува да изврши самоубиство“ (THE GAZETTE, МОНТРЕАЛ, КАНАДА).

Дијана вели дека никогаш не би посегнала по својот живот. Сепак, има моменти кога не гледа причина зошто да живее. „Најмногу би сакала да загинам во некоја несреќа“, вели таа. „Јас не се плашам од смртта — јас ја посакувам.“

Многу луѓе можат да се најдат во зборовите на Дијана, а некои од нив размислувале — па дури и се обиделе — да извршат самоубиство. Меѓутоа, експертите посочуваат дека повеќето луѓе кои се обидуваат да се самоубијат, всушност, не сакаат да му стават крај на животот, туку на маките. Со други зборови, тие се уверени дека имаат причина да умрат, но она што им треба е причина да живеат.

Зошто да живееш? Да разгледаме три причини.

^ пас. 3 Името е сменето.