Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто луѓето ја сакале Дорка

Зошто луѓето ја сакале Дорка

Поучете ги своите деца

Зошто луѓето ја сакале Дорка

СИТЕ копнееме да бидеме сакани. Дали и ти копнееш по тоа? * Во Библијата се спомнува една жена по име Дорка, која другите многу ја сакале.

Таа живеела во Јопа, град кој се простирал на бреговите на Средоземното Море. Ерусалим бил оддалечен од овој град околу 56 километри. Дорка била една од првите ученици на Исус.

Што мислиш, зошто луѓето толку многу ја сакале Дорка?— Библијата вели дека правела многу добри дела и им помагала на луѓето. Таа им шиела убави облеки на вдовиците. Тие биле жени на кои им умрел мажот. Исто како Исус, им зборувала на другите за вистинскиот Бог, Јехова.

Знаеш ли што ѝ се случило на Дорка?— Тешко се разболела и умрела. Нејзините пријателки биле многу тажни. Затоа, испратиле луѓе да го викнат апостол Петар, кој престојувал во едно место оддалечено 16 километри од Јопа. Овие луѓе го замолиле Петар да дојде што е можно побрзо. Кога пристигнал таму, тој се качил во собата каде што лежела Дорка. Сите жени плачеле и му ги покажувале облеките што им ги сошила таа.

Тогаш Петар ги замолил да излезат од собата. Тој и другите апостоли имале направено многу чуда, но никој од нив не вратил во живот некој што бил мртов. Што мислиш, што направил Петар?

Клекнал на колена до мртвото тело и почнал да му се моли на Јехова. Потоа ѝ рекол на Дорка да стане. Дорка навистина станала! Петар ѝ подал рака и ја подигнал. Ги викнал вдовиците и другите луѓе за да ја видат. Можеш ли да си замислиш колку биле радосни?

Сега размисли што можеш да научиш од воскресението на Дорка. Една работа е дека, кога им помагаш на другите, тие ќе те сакаат. Што е уште поважно, и Бог нема да те заборави и ќе те сака. Тој се сеќава на добрите работи што ги правиш за другите. Затоа, ќе те награди со вечен живот во праведниот нов свет, каде што сите ќе бидат среќни.

Прочитај во Библијата:

Дела 9:36-43

Откровение 21:3-5

[Фуснота]

^ пас. 3 Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.