Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Не постои подобар начин на живот

Не постои подобар начин на живот

Што можеш да направиш за да бидеш близок со Бог? Разгледавме неколку чекори што можеш да ги преземеш за да станеш поблизок со Бог. Тоа се:

  1. Да го знаеш и да го користиш Божјето име, Јехова.

  2. Редовно да комуницираш со него така што ќе му се молиш и ќе ја проучуваш неговата Реч, Библијата.

  3. Постојано да го правиш она што е добро во очите на Јехова.

Стани поблизок со Бог така што ќе го користиш неговото име, ќе му се молиш, ќе ја проучуваш неговата Реч и ќе го правиш она што го сака тој

Дали ги правиш овие три работи за да бидеш близок со Бог? Има ли некои подрачја на кои би можел да се подобриш? Ако има, сигурно ќе треба да вложиш труд. За да успееш во тоа, мисли на резултатите.

„Навистина вреди да направиме сѐ што е потребно за да бидеме блиски со Бог“, вели Џенифер од САД. „Ако си пријател со Бог, ќе добиеш многу благослови: ќе имаш поголема доверба во него, ќе го запознаеш подобро и што е најважно од сѐ — повеќе ќе го сакаш. Не постои подобар начин на живот!“

Ако сакаш и ти да бидеш близок со Бог, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат во тоа. Со нив можеш бесплатно да ја проучуваш Библијата. Исто така, можеш да присуствуваш на нивните состаноци за проучување на Библијата во најблиската Сала на Царството. Таму ќе уживаш во друштво на луѓе кои многу го ценат пријателството со Бог. * Така и ти ќе се чувствуваш како псалмистот, кој рекол: „А мене ми е добро да бидам близу до Бог“ (Псалм 73:28).

^ пас. 9 За да побараш библиски курс или да дознаеш каде е најблиската Сала на Царството, можеш да зборуваш со оној што ти го дал ова списание или да ја отвориш нашата интернет-страница, www.mt711.com/mk. На најдолниот дел од страницата побарај го делот КОНТАКТ.