Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци вршат мисионерска служба?

Дали Јеховините сведоци вршат мисионерска служба?

 Да. Иако сите Јеховини сведоци не можат да ја проповедаат добрата вест во далечни земји како мисионери, секој од нас се труди колку што може повеќе да им зборува за библиските вистини на луѓето во својата околина (Матеј 28:19, 20).

 Некои Сведоци одлучуваат привремено или на подолго време да се преселат на места во својата земја каде што има многу луѓе кои не ја чуле добрата вест од Библијата. А други, пак, се преселуваат во странска земја за да се посветат на проповедањето. Тие се радосни бидејќи со она што го прават придонесуваат да се исполнат зборовите што ги кажал Исус: „Ќе ми бидете сведоци... сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8).

 Во 1943 год., Јеховините сведоци ја основаа библиската школа, Гилеад. Целта на оваа школа е учесниците да добијат обука за мисионерска служба. До денес, оваа школа ја завршија повеќе од 8.000 Јеховини сведоци.