Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци веруваат во Исус?

Дали Јеховините сведоци веруваат во Исус?

 Да. Ние веруваме во Исус, кој рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Веруваме дека Исус дошол на Земјата од небото и го дал својот совршен човечки живот како откупна жртва (Матеј 20:28). Неговата смрт и воскресение им овозможуваат на луѓето што покажуваат вера во него да добијат вечен живот (Јован 3:16). Исто така, веруваме дека Исус сега владее како Цар на Божјето небесно Царство, кое наскоро ќе донесе мир на целата Земја (Откровение 11:15). Но, веруваме и во зборовите што ги кажал самиот Исус: „Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28). Според тоа, не го обожаваме Исус, бидејќи не веруваме дека тој е Семоќен Бог.