Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата

3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата

ВО БИБЛИЈАТА СЕ ОПИШАНИ... Верни мажи и жени кои имале „исти чувства како и ние“ (ЈАКОВ 5:17, фуснота).

Што значи ова

На страниците на Библијата се запишани вистински искуства на мажи и жени кои се бореле со најразлични чувства. Додека читаме за нив, можеби ќе наидеме на некоја библиска личност која имала исти чувства како и ние.

Како ова може да помогне

Сите имаме потреба другите да разберат како се чувствуваме. Но, ова особено важи кога ни е нарушено менталното здравје. Додека ја читаме Библијата, дознаваме дека и други размислувале и се чувствувале исто како и ние. Како резултат на тоа, сфаќаме дека и тие воделе слична борба и не се чувствуваме толку осамено кога се соочуваме со анксиозност и со чувства кои нѐ вознемируваат.

  • Во Библијата се запишани многу изјави на лица што се чувствувале беспомошно и очајно. Дали некогаш си рекол: „Не можам да издржам веќе“? И Мојсеј, Илија и Давид се почувствувале така (4. Мојсеева 11:14; 1. Царевите 19:4; Псалм 55:4).

  • Во Библијата пишува за една жена по име Ана, која била огорчена во душата бидејќи не можела да има деца и бидејќи морала да го трпи суровото исмевање од втората жена на нејзиниот маж (1. Самоилова 1:6, 10).

  • Во Библијата се зборува за еден човек по име Јов кој, иако имал силна вера во Бог, страдал од длабока емоционална болка и во една прилика рекол: „Ми здодеа! Не сакам... да живеам“ (Јов 7:16).

Тоа што ќе дознаеме како овие библиски личности успешно се справиле со штетните начини на размислување може да ни ја даде потребната сила за да се справиме со нашите тешкотии.